
ВИДЕО Започнува судењето на турските државјани за убиството на плоштадот во Штип
Во Основниот суд во Штип денеска започнува судењето против турските државјани обвинети за убиството што се случи на градскиот плоштад во Штип. Обвинетите се товарат за тешко убиство, извршено во мај годинава кога во инцидент по расправија беше усмртен турски државјанин.
На денешното рочиште се очекува изнесување на воведните говори на обвинителството и одбраната, а потоа и испрашување.
Судскиот процес привлекува големо внимание поради тоа што делото беше извршено на јавно место и во присуство на бројни минувачи.

