(ВИДЕО) ЗАГИНАА ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ: Пожар во Истанбул однесе во смрт најмалку 29 луѓе
Страотен пожар во Истанбул однесе во смрт 29 луѓе.
Најмалку 29 луѓе загинаа во пожар кој избувна при реновирањето на ноќен клуб, а уште осум се повредени, од кои седум се во сериозна состојба. Пожарот избил во централната област Бешикташ и сите загинати се градежни работници.
Како што објави новинската агенција „Анадолу“, пожарот почнал за време на реновирањето на објектот кој зафаќа два подземни ката во 16-катна станбена зграда.
Издаден е налог за апсење на пет лица, вклучувајќи тројца кои раководат со ноќниот клуб. Причините за пожарот засега се непознати.
Фото: screenshot X APA News Agency
15 people died in a fire in a nightclub that was under renovation in #Istanbul‘s Şişli district#Turkiye pic.twitter.com/GhkYhN61jz
— APA News Agency (@APA_English) April 2, 2024