Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Заев: Ципрас ми е брат и ќе останеме браќа до крајот на животот
Македонија

ВИДЕО Заев: Ципрас ми е брат и ќе останеме браќа до крајот на животот

13/09/2023

AA

Поранешниот премиер Зоран Заев во вестите на грчката телевизија „One chanel“ си ја отвори душата и проговори за Алексис Ципрас, ратификацијата на меморандумите од грчкиот парламент, изборите во СИРИЗА, војната во Украина, но и иднината на Западен Балкан во Европската Унија.

Дури пет години од Договорот од Преспа, Заев вели дека заедно со тогашниот премиер, Ципрас, направиле чекор напред и го отвориле патот за нова перспектива и подобра иднина за нашите земји.

„Пред пет години, храброста и визијата на тогашните влади на Атина и Скопје ставија крај на тековното горчливо несогласување, воведувајќи нова ера на соработка и регионална стабилност. Со Договорот од Преспа невозможното го направивме возможно. Покажавме дека дипломатијата може да ги надмине конфликтите и поделбите, го ставивме поголемото и општо добро над сопствените интереси. Денес, Северна Македонија е горда и достојна членка на НАТО, сојузник со Грција. Ние споделуваме заеднички визии за безбедност и мир во светот со најголемиот безбедносен сојуз. Договорот од Преспа ја приближи и Северна Македонија до Европската Унија. Благодарение на големата поддршка од Грција и со другите партнери и поддржувачи сме посветени на градење посветла иднина за нашите граѓани и генерациите што доаѓаат“, истакнал Заев.

Заев за грчката телевизија изрази уверување дека соседната страна целосно ќе го заврши делот од договорот со кој се обновуваат ознаките на патиштата, бидејќи е пет години по договорот од Преспа да се сменат сообраќајните знаци во Грција кои „водат“ во непостоечка земја со кратенката „ФИРОМ“

Зборувајќи за Алексис Ципрас и неговата оставка од претседателската функција во СИРИЗА, Заев порача дека Ципрас е негов брат.

„И ќе бидеме браќа до крајот на животот, бидејќи заедно имавме доволно храброст да ги „пресечеме“ овие бариери меѓу нашите земји и да изградиме братска соработка меѓу Грција и Северна Македонија“, вели Заев и додава дека граѓаните од двете земји имаат сличен менталитет, традиции, повеќето биле православни односно дека сме разновидни земји.

„Храброста што Алексис ја покажа на грчкиот народ, на граѓаните на Балканот, на ЕУ и на луѓето од целиот свет ќе го паметиме до крајот на животот и секако, на генерацијата пред нас. Тоа го препозна западниот свет, западниот демократски свет и остатокот од светот. Го гледав како се бори и на последните избори. Тој е многу прогресивен, има многу позитивен карактер и верува во подобра иднина за грчките граѓани и за ЕУ и цел Балкан. Цело време разговарав со него, се обидов да го охрабрам, но во демократијата, на крајот од денот, народот одлучува кој ќе владее. Верувам, како што му кажав, кога една врата се затвора, три други се отвораат. Има и други можности како да се бориме за подобар живот на нашите граѓани, за прогресивни вредности, за западните вредности, за европските вредности“, подвлече Заев.

Екс премиерот вели дека ако соседот ти е добар, и ти си добар.

„Ако соседот оди во добра насока и тоа ќе има позитивни резултати за тебе. Така, верувам дека пет години подоцна, договорот од Преспа донесе многу придобивки за народот на Северна Македонија, а исто така и за народот на Грција. Тоа беше лекција за останатите земји како да ги решаваат прашањата со храброст, штитејќи ги интересите на земјата, но и фокусирајќи се на иднината, а не на минатото. Да, го признаваме минатото, но мора целосно да се фокусираме на иднината. Да обезбедиме добра иднина за младите, децата од следната генерација и лично сум многу горд на тоа. За се што постигнавме со Алексис. И мислам дека и Алексис Ципрас е горд на тоа и многу сум благодарен што и актуелната влада во Грција, Нова демократија, потврди дека тоа што го кажавме е конечен договор“, порача Заев.

Тој додаде и дека сега прават бизниси со Ципрас односно имаат соработка на различни нивоа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy