
ВИДЕО: „Задолжително крадеме“ – Продавач објаснува по која цена се продава и како се мери ајварскиот пипер!
Продавач објаснува по која цена се продава и како се мери ајварскиот пипер надвор од градскиот пазар во Штип.
Според него, тој го откупува пиперот за 35 денари, а го продава 40.
Како што вели, сака и 60 денари да го продава, но тоа кај муштериите не поминува, па затоа им го мери со се картон.
„Крадеме и на вагите, сите да знаат. Крадеме обавезно, да се гледа што и како се мери на вагите“, признава тој.