
(ВИДЕО) ЗА ВЛАКНО Е ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Целосно изгоре автобус во Крушевац
Изгоре автобус кај српскиот град Крушевац, а патниците успеале навреме да излезат од возилото и да се спасат.
Станува збор за автобусот на компанијата „Југопревоз“ кој сообраќал во приградски сообраќај денеска, при што околу 15 часот целосно изгоре во близина на селото Мајдево. Пожарникарите излегле на терен и успеале да го изгаснат пожарот. Не се знае зошто автобусот се запалил. Инаку, деновиве во Србија кај Чачак се урна мост поради поплавите и за малку е избегната автобуска несреќа.
