Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој е Рамиз Мерко? Во Струга го викаат Ангела Меркел, има 4 кривични пријави, се вози во „Ауди А6“, бидејќи за новата „Шкода“ вели „не е тоа тоа“
Македонија

Кој е Рамиз Мерко? Во Струга го викаат Ангела Меркел, има 4 кривични пријави, се вози во „Ауди А6“, бидејќи за новата „Шкода“ вели „не е тоа тоа“

20/06/2023

AA

Пратеник, министер без ресор, градоначалник, директор и „сопственик“ на четири кривични пријави. И што ли уште не во биографијата на Рамиз Мерко, кој реализира четврти мандат во општина Струга. Жителите уште го викаат и Ангела Меркел. Троши по 78 илјади евра пари на граѓаните за службени автомобили марка „Ауди“, бидејќи за патување во нова „Шкода“, вели „не е тоа тоа“.

Рамиз Мерко е роден 1957 година во Струга, каде завршил основно и средно образивание. Дипломирал и магистрирал по што стекнал и знање доктор на науки. Мерко беше градоначалник на Струга и професор на меѓународниот универзитет во Струга.

Во неговата биографија се запишани и функциите, пратеник во Собранието, раководител на производство во земјоделски фалсификат, виш референт во Агенцијата за развој на земјоделството, управител на приватно-семејна земјоделска аптека и раководител на Фондот за здравство во Струга.

Уште при неговиот избор на министер, јавноста пишуваше дека тој се поврзува со голем број на кривични пријави. До моментов ги има вкупно четири. Но тоа воопшто не е проблем за неговата политичка кариера.

Во 2012 година струшката полиција има поднесено кривична пријава против Мерко поради тоа што во 2010 година издал одобрение да се постави урбана опрема, односно монтажен шанк во Струга, на брегот на Охридското езеро. Но наместо монтажен шанк, фирмата изградила објект од тврда градба со поголема градба, а општината не направила контрола.

Следната година и покрај тоа што Министерството за култура донело одлука таа парцела да се стави под привремена заштита како културно наследство, Мерко издал ново одобрение на сопственикот.

За „заслугите“ на Рамиз Мерко има говорено и поранешниот градоначалник на Струга Зијадин Села. Според него во периодот кога Мерко го водел градот, ја има злоупотребено службената положба и во два наврати овозможил незаконска легализација на делови од Меѓународниот универзитет. Со што го оштетил буџетот на општината за над 70 илјади евра.

Пред една година пак Рамиз Мерко изјави дека питачите кои доаѓаат во Струга ќе бидат депортирани. За оваа скандалозна изјава на Мерко реагираше и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која побара градоначалникот да се извини во најмалку три медиуми.

Тоа не беше се. Годинава започна со уште една скандалозна изјава. Третирајќи го проблемот со кучињата скитници, градоначалникот во изјава за медиумите порача истите да се колат исто како јагнињата. Во друга изјава пак рече дека немал време, инаку ќе ги испотепал кучињата низ Струга.

  • МЕРКО: КОГА МОЖЕ ДА СЕ КОЛАТ ЈАГНИЊА, ЗОШТО НЕ И КУЧИЊА?
  • РАМИЗ МЕРКО НЕМАЛ ВРЕМЕ, ИНАКУ ТОЈ ЌЕ ГИ ИСПОТЕПАЛ КУЧИЊАТА НИЗ СТРУГА, А НЕ МОЖЕ ДА НАЈДЕ НИТУ ОТРОВ

Годинава неговиот син се поднови и со нов автомобил.

„Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на ЧЕСТИТКИ и РАДОСТА во чест на новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на “БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК” – од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра“, велат од Алијанса за Албанците.

  • (ФОТО) СИНОТ НА РАМИЗ МЕРКО КУПИЛ НОВО „БМВ“ КОЕ ЧИНИ НАД 150 ИЛЈАДИ ЕВРА?

Опозицијата постојано го критикува градоначалникот и неговата работа.

  • Алијанса за Албанците го обвини Рамиз Мерко дека ги крадел буџетите на граѓаните преку претпријатието за јавно осветлување

Во 2017 година пак, тогаш како министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, при контрола Државниот Просветен Инспекторат утврди дека без нострифицирана диплома за завршени докторски студии, Рамиз Мерко бил избран за доцент, а потоа и вонреден професор на Меѓународниот Универзитет во Струга.

Во 2019 година Антикорупциската комисија бараше да се поведе Кривична постапка против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Причината е незаконско работењето во кое е и набавката на 4 автомобили во вкупна вредност од околу 120 илјади евра, од кои и луксузното ауди со вредност од околу 67 илјади евра.

  • На Мерко му било срам да се вози со стари возила, кривични за ДИК, градоначалникот и директор на студентски дом

Мерко се откажа и од надлежностите на Општината за урбанистичко планирање, градежни дозволи, издавање концесии и за спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги отстапи на Владата.

  • Журнал: Општина Струга ги отстапува надлежностите на Владата
  • Градоначалникот на Струга ја отвори дивоградбата на советникот Усеини од ДУИ во Охрид

Во 2019 година Општина Струга од својот буџет одвои 114 илјади евра за набавка на четири автомобили од типот „Шкода“ и „Ауди А6“. Новиот службен автомобил со кој ќе се вози градоначалникот Рамиз Мерко чини 66.700 евра. За „Шкода Октавија“, лимузина со пет седишта издвоени се 18.700 евра, а двете „Шкоди Рапид“, исто така лимузини со пет седишта, ќе ја чинат општната по 14.205 евра. Мерко, вели дека овие возила се купуваат за нормално функционирање на општинската администрација.

„Приближно, не ме држете за збор, околу 114 илјади евра. Ова беше навистина потребно, бидејќи возилата што ги имавме во моментот се стари. Не беа функционални 6-те автомобили кои ги имавме. Поради тоа моравме да купиме нови автомобили и тоа три „Шкоди“ и едно „Ауди А6“. Тие беа набавени со тендер, отворен во 2018 година и истиот се затвори годинава. Од декември па наваму на располагање имаме четири автомобили, а за старите автомобили беше отворен тендер за нивна продажба“, изјави Рамиз Мерко – градоначалник на општина Струга.

  • Градоначалникот на Струга ќе се вози во ново „Ауди А6“, 114 илјади евра за четири службени возила
TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44915
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани, во

08/08/2026

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

08/08/2026

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy