
ВИДЕО За што се изнасмеа премиерот?
Додека министерот за економија Крешник Бектеши со новинарите дискутираше на тема гас, премиерот во позадина се изнасмеа.
Со широка насмевка зад грбот на министерот, па дури и со покривање на лицето додека течеа новинарски прашања, од кои други извори ќе се снабдува Македонија со гас за ТЕТО, кој произведува топлинска енергија и струја, премиерот Димитар Ковачевски доби дури и прекор за своето однесување зад грбот на министер.
-Премиерот: За гас да не имате прашање или вие немате толку знаење?
Новинар: Премиере треба да бидете малку покоректни и посериозни затоа што статистиките за слобода на говор се влошуваат.
А одговорот на Бектеши е дека Македонија има пристап до помалку од половината потребен гас за производство на струја, парно и за индустријата во државата. Врз цената на таа половина гас, според Бектеши нема да влијае бугарската такса. Додека премиерот му се смееше зад грб, Бектеши во оптимистички стил ги информираше граѓаните, објави Телма.