
ВИДЕО Вучиќ за Пендаровски: Тој е човек со европски сфаќања, не бакнува рака, јас сум од нашите – „Пола сум Балканец“, врати македонскиот премиер
При влез во манастирот Прохор Пчински кој се наоѓа во општина Бујановац, македонскиот претседател Стево Пендаровски не ја бакна раката на отецот, па тука веднаш со коментар се јави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Пендаровски е човек со европски сфаќања, тој не бакнува рака, јас сум од нашите“, прокоментира Вучиќ додека сето тоа се емитуваше во живо на српската новинска агенција „Танјуг“.
На ова одговор имаше и македонскиот претседател:
„Пола сум Балканец“, додаде Пендаровски.
Прохор Пчински — манастир од духовно и историско значење, кој денес се наоѓа во општина Бујановац, Република Србија.
Тој е значаен за историјата на македонскиот народ поради тоа што во него се одржало првото заседание на АСНОМ и како дел од Вардарска Македонија што ѝ припаднал на СР Србија со формирањето на втората Југославија.
