
(ВИДЕО) Вучиќ пие на иста маса со Шешељ
Се појави снимка на која се гледа како српскиот претседател Александар Вучиќ пие на маса покрај поранешниот лидер на српските радикали Воислав Шешељ, воен злосторник, пренесува Oslobođenje.ba.
Белградскиот адвокат Чедомир Стојковиќ ги осуди постапките на Вучиќ, а видеото го објави на Твитер пишувајќи дека е „срам на човештвото“ што српскиот претседател пие со воен злосторник.
„Тоа што се опива со него додека слуша песна во која се слави Павле Ѓуришиќ, четник чии единици извршиле злосторства за време на Втората светска војна, а подоцна тој лично се здружил со единиците на НДХ и на крајот, во операцијата Вајс во 1943 година, ги здружил силите со Нацистичките сили да го нападнат нашето население, тоа е друга работа, која секој што сака може да ја знае. Тоа што песната ја има примитивната мелодија на воените единици кои го извршија геноцидот во Сребреница е трета работа“, напиша Стојковиќ на Твитер.
Не е јасно кога е направена снимката и за каква прослава се работи, но наводно се работи за свадбата на синот на Шешељ.
фото принтскрин
Видеото можете да го видите тука.