Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Вработените во Општина Карпош излегоа на протест против недонесувањето на Буџетот
Македонија

ВИДЕО Вработените во Општина Карпош излегоа на протест против недонесувањето на Буџетот

03/01/2024

AA

Вработените во Општина Карпош излегоа на протест против недонесувањето на Буџетот.

Тие велат дека со несовесно и противзаконско работење на дел од советниците се згрозило функционирањето на општината во секоја смисла на зборот.

„Ние вработените во општинската администрација, денеска се собравме јавно да го изразиме своето незадоволство и стравот од последиците поради недонесувањето на Буџетот на Општина Карпош за 2024 година.

Причина за тоа е несовесното и противзаконско работење на дел од членовите на Советот, поточно на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Роберт Вељановски, Марјан Стефановски, Адријана Јакимовска Панчевска, Благица Цветановска, Христо Саракинов и Давор Грче, како и членот на Советот од Независните за Карпош, Невена Георгиевска и претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов, претставник на Левица.

Оваа нивна непромислена одлука, која е спротивна на уставниот поредок на Републиката, спротивна на законските одредби и спротивна на Деловникот за работа на Советот на Општина Карпош, го доведува под знак прашалник целокупното функционирање на локалната самоуправа. Со овој нивен чин, тие докажаа и покажаа дека работат спротивно на интересите на граѓаните од кои ги добија мандатите.

Блокирањето на општинскиот Буџет од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коaлицијата, повлекува низа на сериозни проблеми со кои ќе се соочат сите граѓани на Карпош и тоа во најтешкиот и најдолгиот месец во годината.

Помеѓу другото, редовното функционирање на Општината подразбира и:

• Одржување на хигиената на јавните површини;
• Одржувањето на урбаната опрема и детските игралишта;
• Доведени се во прашање и одржувањето на уличното осветлување;
• Тековното одржување на сервисните општински улици и инфраструктура, односно водоводот, атмосферската и фекалната канализација;
• Одржување на коловозот во зимски услови, односно чистење на снегот, (на само неколку дена пред најавата за обилни врнежи од снег).

Притоа, членовите на Советот кои не доведоа до оваа ситуација:

• Го одземаа правото на граѓаните, дефинирано во Уставот на РМ како неприкосновено право на локална самоуправа;
• Го доведоа во прашање функционирањето на Општина Карпош;
• Исто така, тие со нивното незаконско работење ги доведоа во прашање платите на вработените во општината, градинките и училиштата;
• Ги доведоа во прашање и Договорите на привремено вработените во општината, училиштата и градинките.

Тие го загрозија и правото на децата на предучилишно згрижување и воспитување, како и правото на децата жители на општината на основно образование. Со нивното несовесно и противзаконско работење, тие го доведоа во прашање фукционирањето на Општина Карпош во секоја смисла на зборот.

Што значи тоа? Тоа значи дека општината од 1 јануари 2024 година нема основ ниту пак средства да ги плати редовните режиски трошоци (телефон, струја, вода, греење) во општинските објекти, како и во училиштата и градинките. На тој начин на општинската администрација ќе и биде оневозможено правото на работа и извршување на работните обврски, бидејќи ќе бидеме лишени од основните услови за работа.

Со тоа, општинската администрација не може повеќе да биде СЕРВИС НА ПРИБЛИЖНО 70.000 ЖИТЕЛИ на Општина Карпош.

На крајот, јавно се обраќаме до Обвинителството да преземе мерки против незаконското и злонамерно работење на претседателот на Советот и повеќекратните штети предизвикани со неговиот неодговорен однос“, велат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy