
ВИДЕО Возел по снежен пат како лудак и завршил со преполовен автомобил
ВЕРОЈАТНО НЕМА АВТОМОБИЛ со подобра тракција од јапонските Субару. Сепак, ни тие не се семоќни, особено на снегот. Така, Министерството за транспорт на државата Њујорк објави драматично видео снимено од еден од неговите плугови.
Ризик без никаква смисла
Имено, моќниот Subaru WRX на пат покриен со снег почна на ризичен начин да претекнува долг шлепер. Во панична желба да забрза додека е во спротивната лента – да се врати во својата сообраќајна лента – возачот на јапонскиот автомобил притиснал гас, а автомобилот тргнал во „дрифт“
Епилогот е дека Subaru удри во којзнае колку тежок челичен плуг прикачен на камион тежок повеќе тони на средината од неговата лева страна и буквално се преполови.Само од неверојатна среќа никој не го загуби животот во несреќата.
Ниту погонот на сите тркала не помага
Овој пример е уште еден доказ дека на снегот, кој го имавме во изминатите недели, треба да се вози исклучително внимателно и дефанзивно, дури и ако имате одличен автомобил со моќен AWD (погон на сите тркала) вози како Subaru WRX. Ниту најдобрата електроника не може да коригира автомобил кој излегол од контрола и законите на физиката.
