Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шилегов: Нема стратешки недостатоци во проектот БРТ, тоа е фрлање прашина во очи на јавноста
Македонија

Шилегов: Нема стратешки недостатоци во проектот БРТ, тоа е фрлање прашина во очи на јавноста

13/11/2023

AA

Членот на Извршниот одбор на СДСМ Петре Шилегов за вестите на Сител телевизија истакна дека Скопје загуби две години, поради неподготвеноста и непознавањето на материјата од страна градските власти системот за јавен транспорт во Скопје, Бас рапид транзит – БРТ, две години беше закочен.

-Нема стратешки недостатоци во проектот БРТ, тоа е фрлање прашина во очи на јавноста, истакна Шилегов, додавајќи дека на проектот БРТ работеа експерти од Лондон, Брисел, но и од земјава и сообраќајното решение е врз таква експертска основа, тендерот беше распишан пред изборите во 2021 година, но актуелната локална власт во Скопје ја прекина постапката. Тоа е единствената издржана опција за современ јавен транспорт во Скопје додаде тој.

Шилегов зборуваше и за неисполнетото ветување на Арсовска за бесплатен градски превоз и додаде дека граѓаните се изневерени од лесни зборови кои не биле реални потенцирајќи дека единствена можност за поевтинување на превозот е БРТ, кој би ги намалил цените на јавен транспорт значително, за дури 70%.

-Запрепастен сум од односот на сегашната локална власт кон граѓаните. Видовме што се случува со јавниот превоз во градот, прв пат имавме штрајк во јавниот превоз, автобуси речиси и да нема, уништен е системот на ЈСП. Тоа сето се удира врз граѓаните, цената ја плаќаат граѓните, рече Шилегов, додавајќи дека секоја лесно изговорена реченица, носи тешки последици.

Во врска со евроинтеграцијата, Шилегов, нагласи дека напорите на СДСМ се искрени кон државата и кон граѓаните.

Верувам дека проевропските сили во Македонија се се уште доволно политички јаки да ја водат државата напред, граѓаните сакаат извесна иднина, а не да живеат во неизвесност, порача членот на Извршниот одбор на СДСМ Петре Шилегов за вестите на Сител телевизија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се споделуваат лични податоци

19/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце

19/08/2026

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy