Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО: Водителка мислела дека снима ТВ-прилог, но засекогаш ќе памети што се случи
Магазин

ВИДЕО: Водителка мислела дека снима ТВ-прилог, но засекогаш ќе памети што се случи

25/08/2023

AA

 

Американска водителка несвесно ја најави сопствената свршувачка додека мислела дека се снима обичен ТВ-прилог.

Корнелија Николсон од Тенеси требало да чита текст за викенд-емисија на „Локал 3 њуз“ кога сфаќа дека всушност го најавува своето момче Рајли Нејџел,  репортер на истата телевизија, кој се појавил во студиото држејќи букет цвеќе и кутија со прстен.

Првично, Корнелија требало да најави друга сторија, но брзо се надоврзува на трикот што ѝ го подготвиле колегите. Видно шокирана, таа продолжи: „Следува приказната за двајца млади новинари кои случајно ја пронајдоа љубовта во истата индустрија“.

Таа нервозно го претстави своето момче Рајли Нејџл, кој се појави во студиото за да даде „специјален извештај“ додека на екранот зад неа се вртат нивни заеднички фотографии.

Рајли, кој исто така е новинар, рече: „Точно е Корнелија, имам многу посебен извештај за луѓето дома кои можеби не знаат.“

„Кога првпат те запознав, целосно ме привлече. Имаш толку неверојатна личност, секогаш си весела и, секогаш ја осветлуваш просторијата кога влегуваш. Успеваш сите да ги насмееш.

„Мислам дека би било прикладно да ти го поставам прашањето овде бидејќи се запознавме на вестите,“ рече тој, потоа клекна на едно колено и праша: „Корнелија Николсон, ќе се омажиш ли за мене?“

Корнелија, со насолзени очи, се согласи. „Добро си? целиот се тресам”, ѝ вели Рајли, а таа му одговара: „И јас исто. Те сакам!”

Водителката го сподели видеото на социјалните мрежи и им се заблагодари на колегите кои организирале сè со нејзиниот новопечен свршеник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy