ГО НАПАДНАЛ ТАТКА СИ, ПА ФИЛМСКИ СЕ БРКАЛЕ СО АВТОМОБИЛИ Штипјанец уапсен по пријава за семејно насилство
Педесет и шестгодишен штипјанец е уапсен под сомнение дека прво физички го нападнал својот 79-годишен татко, а потоа со автомобил го следел и се обидел да го истурка од коловозот.
Г.Т. е уапсен вчера во 14:45 часот од полициски службеници на СВР Штип, по пријава за настан што се случил на 24 октомври.
Според пријавеното, таткото и синот најпрво се скарале, по што 56-годишникот физички го нападнал својот татко. Постариот маж потоа се обидел да избега со автомобил, но синот тргнал по него со своето возило и го удрил, со намера да го исфрли од патот.
За случајот е известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, полицијата најавува соодветна пријава.
.
Извор: plusinfo.mk