Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИНОТ НА ГАЗДА ДЕКО СО ОЧИЛА И СО ЧАСОВНИК ПОДМИТИЛ ДАНОЧНИ КОНТРОЛОРИ Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби против 9 лица
Македонија

СИНОТ НА ГАЗДА ДЕКО СО ОЧИЛА И СО ЧАСОВНИК ПОДМИТИЛ ДАНОЧНИ КОНТРОЛОРИ Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби против 9 лица

27/10/2026

AA

Синот на газда Деко, Михаил Јованов им дал очила и рачен часовник на двајца даночни контролори за да го информираат кога ќе има ненајавени контроли, а самиот Дејан Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“ учествувал во злоупотреби со фалсификување извештаи за извршени надзори, покажуваат новите обвиненија против 9 лица. Првообвинет е Драган Паунов, брат на претседателката на Кривичен суд, Даниела Димовска.

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против 3 лица и обвинителен предлог против 6 лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, а во врска со контролите на Управата за јавни приходи во дискотеката „Пулс“ во Кочани и во други поврзани фирми.

„Обвинителен акт за кривично дело Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик е поднесен против двајца даночни контролори, од кои еден е обвинет за две вакви дејствија. Тие од третото лице, обвинето за Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик, побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде тој бил одговорно лице. Иако биле свесни дека согласно закон не смеат да оддаваат информации кои ги осознале во врска со даночна постапка, првиот обвинет сепак го информирал третиот обвинет преку вибер пораки за дејствијата на УЈП и МВР во врска со наведените фирми, правејќи со тоа и продолжено кривично дело Оддавање службена тајна од член 360 од Кривичниот законик“, соопшти Јавното обвинтелство.

Двајцата даночни контролори се обвинети и за Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, додава Обвинителството.

„При извршена контрола во правниот субјект во кој одговорно лице бил третиот обвинет, на 6.3.2024 година утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но во записникот не ја внеле откриената незаконитост. Со ова на буџетот му нанеле шета од 98.400 денари кои останале како ненаплатена глоба кај прекршителот. Со цел да ги покрие незаконитостите утврдени при контролата, вториот обвинет сторил и кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 од Кривичниот законик, односно го фалсификувал службениот извештај за контролата“, се вели во соопштението.

Против дополнителни четворица даночни контролори и инспектори до Судот е поднесен обвинителен предлог за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување.

„Од нив, еден е обвинет и за Фалсификување исправа. Дополнително, една вработена во Државниот пазарен инспекторат сторила дело Оддавање на службена тајна, откривајќи информации кога акциските контроли ќе се реализираат. Обвинетите контролори и инспектори од УЈП вршеле даночни контроли кај правни субјекти во кои како реален сопственик се јавува шестиот обвинет, татко на лицето претходно обвинето за давање поткуп. Меѓутоа, констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствијата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик, кој е шести обвинет во случајов“, соопшти Обвинителството.

Кривичната пријава за дејствија на Злоупотреба на службената положба опфаќаше уште 4 лица, од кои за 2 е запрена постапката поради застареност, додека за 2 лица се утврди дека немаат дејствија на наведеното дело или на друго дело кое се гони по службена должност, додава ЈО.

Во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година загинаа 63 луѓе, а 222 беа пповредени. За оваа трагедија се во тек 4 судски процеси.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА ПРВ ПАТ ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БУБРЕГ НА ДЕТЕ СО

27/10/2026
Македонија

СИНОТ НА ГАЗДА ДЕКО СО ОЧИЛА И СО ЧАСОВНИК ПОДМИТИЛ

27/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА СРДАНОВИЌ ЗА ПОБЕДАТА Премиерот очекува продолжување

26/10/2026
Македонија

СТУДЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Температурите

26/10/2026
Македонија

„ФИЛИПЧЕ И СДСМ КАКО ДА НЕ СИ ЈА САКААТ ДРЖАВАТА“

26/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОМАЛКУ ПРОСТОР ЗА КОРУПЦИЈА Андоновски повикува на развој

26/10/2026
Македонија

717 студентски пријави за шест месеци: Доцнат стипендиите, во студентските

26/10/2026
Македонија

ЗАПЛЕНЕТИ 68 КИЛОГРАМИ КОКАИН БЛАГОДАРЕНИЕ НА МВР Македонец приведен во

26/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46386
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА ПРВ ПАТ ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БУБРЕГ НА ДЕТЕ СО АЛПОРТОВ СИНДРОМ Органот го донираше

27/10/2026

Во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која

МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА СРДАНОВИЌ ЗА ПОБЕДАТА Премиерот очекува продолжување на добрите односи со Србија

26/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со Илија Срдановиќ, носител на „Студентската листа“ во Србија, кому му честитал за изборниот

СТУДЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Температурите ќе паднат, а ветерот ќе

26/10/2026

Променливо облачно време, пад на температурите и северен ветер што на места ќе надминува 60 километри на час. Таква временска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy