
(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв
Земјотреси денеска го погодија турскиот град Истанбул. Серија потреси имаше во областа на Истанбул, а најсилниот беше со јачина од 6,2 степени според Рихтер, со епицентар во Мраморното Море, западно од Босфорот. Земјотресот го почувствувале и во Анкара и околните провинции. Се стресоа Текирдаг, Јалова, Бурса, Баликесир и Измир, кој се наоѓа на 550 километри јужно од Истанбул.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека сите надлежни институции се во состојба на готовност и дека засега нема извештаи за сериозни штети.
Повеќе од 150 луѓе се хоспитализирани со повреди здобиени при обид да избегаат од згради за време на силниот земјотрес што го погоди Истанбул. Според соопштението од канцеларијата на гувернерот на Истанбул, повредените главно скокале од височина поради паника. Тие се надвор од животна опасност.
Загриженост предизвикува и фактот што една третина од објектите во Истанбул се стари и не се градени според антисеизмички стандарди. Пред 26 години во земјотрес загинаа 18.000 луѓе.
Canlı yayında deprem anı
Geçmiş olsun istanbul#deprem #istanbulpic.twitter.com/UGiPdFk6vQ
— MAFFAY (@maffay38) April 23, 2025

