
(ВИДЕО) Во Смедерево се степаа ученик и наставник
Во српскиот град Смедерево во училиште се степаа ученик и професор.
Ученик од втора година во техничкото и земјоделско средно училиште „Деспот Ѓураѓ“ се степал со својот професор по математика. Наставникот му го зел мобилниот телефон на ученикот, по што настана тепачка. Не чекал ни секунда и се вратил за да проба да си го земе телефонот повлекувајќи го професорот за раката, јавува српска Нова.
Повеќе инциденти од ваков тип имаше во Србија и во Македонија. Српските наставници дури протестираа со барање да бидат безбедни на работа.
фото Твитер принтскрин
Đak i profesor se rvaju na času u Smederevu pic.twitter.com/ArfhWpnRLc
— Lovac na neke od njih! (@Sabljalo) March 3, 2023