
ВИДЕО: „Владимир и јас…“ – Бајден со нов гаф за името на украинскиот претседател Зеленски
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден за време на Самитот на НАТО во средата, направи гаф со името на украинскиот претседател нарекувајќи го со името на непријателот од Русија.
„Владимир и јас…“, рече Џо Бајден за време на прес-конференцијата во Вилнус, а потоа се поправи и кажа: „Господин Володимир Зеленски и јас“, пред да продолжи со говорот.

