
ВИДЕО Васко Тодоров од „К-15“ со поддршка за Стево Пендаровски за втор претседателски мандат
Васко Тодоров познат како Тошо Малерот од триото на легендарното хумористично телевизиско шоу „К-15“ денеска со кратко видео на фејсбук-страницата „Претседател за сите нас – Стево“ дава поддршка за кандидатурата на актуелниот претседател Стево Пендаровски за втор мандат.
„’К-15’ е најоригиналниот концепт и најгледаната емисија во телевизиската историја на Македонија, тоа е факт. А, Стево Пендаровски е единствениот човек којшто се сетил да ни даде официјално државно признание за ’К-15’, и тоа исто е факт“, вели Тодоров во видеото.
На фејсбук-страницата „Претседател за сите нас – Стево“ има објави со поддршка од повеќе личности.

