
ВИДЕО Урнат кран на градилиштето на КАМ МОЛ во Битола – среќа во несреќа, нема повреден
Кран се урна денеска попладне на градилиштето каде се гради новиот голем трговски центар „КАМ МОЛ“ во поранешната касарна во Битола. Инцидентот предизвика голема вознемиреност кај работниците и жителите од околината, но според првичните информации – нема повредени.
Објектот што се гради е со решение за градба број УП 1 бр. 30-232/2021, издадено на 11 април 2022 година и правосилно од 4 мај 2022 година. Инвеститор е „КАМ ИМОБИЛИЕН“ ДООЕЛ Скопје, проектант е „БАУХАУС ПРОЕКТ“ ДООЕЛ, а изведувач на работите е „ФАБРИКА КАРПОШ“ АД Скопје. Надзор врши Градежен институт Македонија.
Локацијата е согласно Деталниот урбанистички план за АРМ Четврт 1 Битола, на парцела ГП 6.3.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со овластениот инспектор за урбанизам, извршија увид на терен и најавија целосна проверка на безбедносните процедури. До завршување на истрагата, градилиштето ќе биде затворено со соодветно решение.
Очекувањата се дека надлежните институции наскоро ќе ги соопштат причините за падот на кранската конструкција.