
(ВИДЕО) УНИШТЕНИ ВОЗИЛА И ПОКРИВИ: Еве каква е состојбата во Романија по земјотресот
Урнати покриви и уништени возила има во Романија, каде денеска имаше земјотрес.
Видео снимката на каналот EU Top News, покажува дека Романците се излезени на улица. Земјотресот од 5.7 степени денеска е регистриран во 13 часот и 16 минути на длабочина од 10 километри, на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин. Вчера во Романија имаше земјотрес со јачина од над 5 степени. Во рок од десетина дена силни земјотреси имаше во Турција, Сирија, а сега и во Романија. Претходно, на социјалните мрежи имаше фотографии од уништени фасади во Романија по потресите.