
(ВИДЕО) Уапсени три лица – Вучиќ одговори дека не му треба Вагнер да го тапка по рамо
Српската полиција објави видео од апсењето на три демонстранти кои повикувале на рушење на српскиот претседател Александар Вучиќ и на Владата. Полицајците ги соборуваат на земја, ги претресуваат и приведуваат.
Тие се поврзани со синоќешните протести на десничарите против француско-германскиот предлог за решавање на прашањето со Косово. Демонстрантите бараа Вучиќ или да си поднесе оставка или да ја промени политиката кон Косово. Имаше неколку инциденти. Тие со себе носеа руски знамиња.
Со зборовите „не ми треба од Вагнер да ме тапкаат по рамо“ српскиот претседател ги осуди вчерашните протести во Белград. Српскиот претседател стави јасно до знаење дека Србија нема да ги толерира насилните закани на протестот, „ни од Исток ни од Запад“, пишува Н1. Тој претходно ја критикуваше групата Вагнер затоа што регрутира доброволци од Србија за војната во Украина. Учество во странски војски е казниво во Србија.