
ВИДЕО: Уапсен еден од терористите кои извршија напад во Москва
Еден од учесниците во вечерашниот терористички напад во концертната сала Крокус во Москва е уапсен, јавуваат медиумите.
На социјалните мрежи е објавено видео од апсењето, а се уште не се знае кој стои зад напаѓачите и кој бил мотивот за нападот во кој загинаа повеќе од 40 лица, а над 100 беа повредени.
Медиумите јавуваат дека некои луѓе биле евакуирани директно од покривот на зградата, чиј еден дел бил опожарен. Полицијата и итните служби се на терен.