Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На Барселона ѝ преседна балканската турнеја
Спорт

На Барселона ѝ преседна балканската турнеја

22/03/2024

AA

Во период од два дена, Барселона доживеа два тешки порази во Евролигата, во дуели со екипи од Балканот.

Во средата загуби од Фенербахче во Истанбул, а денеска од Панатинаикос во Атина, во меч кој имаше две различни полувремиња. Во првите 20 минути Барса доминираше за вторите да ги загуби со 30-55, па ПАО славеше со 89-81 со што се израмни со шпанскиот шампион на второто место на табелата. Единствената добра работа за Барса од овој натпревар е тоа што успеа да се избори за пораз од 8 разлика со повеќе постигнати поени на гостински терен, па во случај на ист биланс на крајот од сезоната, ќе биде пред својот денешен ривал. Сепак, за тоа се прашува и Монако кој денеска ја победи Валенсија и има ист ефект како Панатинаикос и Барселона – 20/11.

Нан, Митоглу и Слукас беа незадржливи за екипата на Барселона. Првиот беше најефикасен на мечот со 22 поена, вториот оствари дабл-дабл со 19 поени и 10 скока, а третиот постигна 18 поени, 8 асистенции и 4 скока. Вили Ернангомез ја предводеше Барселона со 13 поени.

Олимпија Милано го победи Фенербахче со 77-76 и максимално ја замрси ситуацијата и во борбата за десеттото место и во борбата за плејофот. Сега италијанскиот тим има 14/17, како и Анадолу Ефес, Валенсија и Партизан и последните три кола ќе одлучуваат кој ќе го освои десеттото место. Фенербахче, пак, ја прекина серијата од четири победи и му дозволи на Макаби да се доближи на само еден триумф негатива.

РЕЗУЛТАТИ
Црвена Звезда – Виртус 94-79
Монако – Валенсија 79-78
Панатинаикос – Барселона 89-81
Баерн – Макаби 74-89
Олимпија Милано – Фенербахче 77-76

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта

05/08/2026
Македонија

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026
Македонија

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата

05/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една

05/08/2026
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта на западнонилска треска

05/08/2026

Скоро сите регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава се лоцирани во Скопскиот регион и Велес, соопшти министерот за здравство

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026

Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата на водата во Гостивар

05/08/2026

Резултатите од анализата на водата за пиење во Гостивар ќе бидат објавени до 20 август, соопшти министерот за здравство Сашо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy