
ВИДЕО Торнадо ја уништи фабриката на Фајзер: Крвот стуткан како од хартија, уништени 50 илјади вакцини
Торнадо во Северна Каролина сериозно оштети фабрика на Pfizer, меѓу неколку други објекти, затвори голем меѓудржавен автопат и повреди повеќе од десетина луѓе.
Објектот на Карпестата планина на Pfizer претрпе сериозни оштетувања во средата попладне, со видео од хеликоптер на кое се гледа покривот стуткан како хартија и градежен шут расфрлан низ околниот паркинг.
Според соопштението на компанијата, во фабриката нема извештаи за повредени.
Pfizer building destroyed by a tornado in North Carolina. 50,000 pallets of medicines destroyed.😳
🔊
— Wall Street Silver (@WallStreetSilv) July 19, 2023
„Ја проценуваме ситуацијата за да го утврдиме влијанието врз производството. Нашите мисли се со нашите колеги, нашите пациенти и заедницата додека закрепнуваме од овој временски инцидент“, се вели во соопштението.
На социјалните мрежи се известува дека се уништени 50.000 палети со лекови.
Еден од вработените во фабриката изјави за ABC11 дека сè се случило во распон од 60 до 90 секунди и немало време за размислување. Тој рече дека светлата прво трепкале во објектот, а потоа звучело „како да пукнала бомба“.и дека тој и неговата група веднаш истрчале во одредено безбедносно подрачје.

