
ВИДЕО Тигрите започнаа да трагаат по 30 годишникот во езерото Глажња
Мажот вчера влегол во водите на езерото кај браната Глажња по што му се губи трагата.
Нуркачки екипи го пребаруваат вештачкото езеро Глажња во Липково, но засега не успејаа да го пронајдат телото.
Синоќа акумулацијата била надгледувана од полициски припадници од полициската станица Матејче, информираат од Центарот за управување со кризи.
