
ВИДЕО Тешка сообраќајна несреќа вечерва и во Чаир
Според информации од терен, во несреќата има повредени лица, а на местото на настанот била забележана и брза помош. Моментално во Скопје има лоши временски услови. Како последица на врнежите, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а ситуацијата дополнително ја отежнува присуството на магла, која ја намалува видливоста.