
ВИДЕО: Терористички напад во Анкара, бомбаш-самоубиец активирал бомба во близина на турското МВР!
Силна експлозија одекнала во Анкара, во непосредна близина на зградата на турското Министерство за внатрешни работи, пишува „Хуриет дејли њуз“.
Турските власти соопштија дека се работи за терористички напад.
Според Ал Џезира, се слушнало и пукање.
Двајца полицајци се ранети денеска кога бомбаш самоубиец активирал експлозив во турската престолнина, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Тој рече дека еден од напаѓачите се разнел, а другиот е „неутрализиран“.
Турските медиуми јавуваат дека едниот напаѓач бил вооружен со ракетен фрлач и бил неутрализиран, додека другиот се разнел како бомбаш самоубиец. Според нивните изјави, во зградата на парламентот, која се наоѓа во близина, по експлозијата не може да се влезе ниту да се излезе.
Во моментов на терен има контрадиверзантски екипи, а полицијата проверува дали има опасност од други експлозивни направи во близина и ги проверува автомобилите.
Според АП, турскиот парламент денеска по летната пауза треба повторно да заседава.
