
(ВИДЕО) ТЕПАЧКА ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Почна со кавга, а заврши со турканици
Сериозна кавга и тепачка имаше во албанскиот Парламент.
Расправијата ескалираше кога пратеникот Бледион Налбати од Демократската партија физички го нападна Вулнет Сина од Социјалистичката партија, пишува Косова прес.
Претседателката на Собранието, Линдита Никола побара од пратениците на Демократската партија да седнат во своите места и седницата да се одвива нормално, но тие категорично одбија. Припадници на Националната гарда веднаш се распоредија околу говорницата.
Во меѓувреме, Собранието презеде мерки против пратеникот на Демократската партија, Бледион Налбати и му нареди да ја напушти собраниската сала, но тој не сакаше да го стори тоа.
Откако состојбата стана уште потензична, претседателката на Парламентот ја прекина седницата.
Во 2021 и во 2017 година имаше тепачки во албанскиот Парламент. Летово имаше тепачка и во косовскиот Парламент.
