
(ВИДЕО) Татко го држи во раце своето мртво девојче во Појасот Газа
Најтрогателна е сцената од Појасот Газа каде се гледа како татко го држи во раце своето мртво девојче по ракетните напади на израелската војска.
На социјалните медиуми се појавуваат видеа на кои се гледа како по ракетните напади зградите паѓаат какo кула од карти. Од снимките од височина се гледа дека Појасот Газа полека се брише од лицето на земјата.
Израелската армија претходно соопшти дека војската има целосна контрола врз сите заедници долж границата со Газа.
Eвропската Унија (ЕУ) ја укина помошта за Палестинците.
691 милиони евра наменети за развој на Палестинците „ќе се преразгледуваат“.
„Сите плаќања веднаш се суспендирани. Сите проекти се ставени на разгледување. Сите нови буџетски предлози, вклучително и за 2023 година се одложени до понатамошна одлука. Сеопфатна процена на целото портфолио“, напиша еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји на социјалните мрежи.
Од Либан имало инфилтрација на милитанти. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека борбени хеликоптери извршуваат нови напади во на либанска територија, пренесува Скај њуз.
САД испраќаат бродови и авиони поблиску до Израел во знак на поддршка, изјави министерот за одбрана Лојд Остин. Тој додаде дека САД ќе обезбедат муниција за Израел, а Пентагон ќе испрати дополнителни борбени авиони во регионот.
Palesinian father broken and angrey while holding his little girl that killed today 9/10/2023 by Israeli bombing #Israel #طوفان_الاقصى #طوفان_الأقصى #อิสราเอล #GazaUnderAttack #طوفان_القدس #عملية_طوفان_الأقصي #Hamas #غزة_تحت_القصف pic.twitter.com/to4cXjIzAB
— Mohamed Hani (@jokal099) October 9, 2023
