Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИТАЛИЈА: Во фабрика загинаа тројца работници, обработувале муниција
Македонија

ВИДЕО СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИТАЛИЈА: Во фабрика загинаа тројца работници, обработувале муниција

13/09/2023

AA

Тројца работници загинаа во експлозија во фирмата што собира воена опрема за целите на демилитаризација „Сабино Есплоденти“ во италијанскиот приморски град Казалбордино, додека неколку други се повредени. Засега не се познати причините кои довеле до експлозијата.

Убиени се Фернандо Ди Нела (50) од Ланкано, Џанлука Де Сантис (40) од Палата и Џулио Романо од Казалбордино. Полицијата е на лице место и врши увид, јавува Rai News.

Како што се наведува во соопштението на компанијата која ја најави експлозијата, во овој момент останува необјаснета причината што довела до загуба на тројца работници.

„Тие беа обучени експерти“

– Тие беа обучени експерти и ги знаеја ризиците поврзани со извршувањето на нивните должности. Несреќата, за жал, се случи во фазата на преработка на муниција, извршена во име на Агенцијата за одбранбена индустрија и покрај најстрогите мерки на претпазливост предвидени со Законот за спречување несреќи. Компанијата во рамките на своите надлежности ќе се грижи за сите потреби на семејствата на жртвите – се наведува.

Градоначалникот Филипо Паолини потпиша декрет за откажување, во знак на жалост, на традиционалните манифестации со кои се одбележува почетокот на последната тријада од септемвриските празници, кои ќе бидат одложени за 24 часа.

– Со оглед на многу тешката несреќа што се случи, Општинската администрација во договор со Комитетот за свечености, со почит кон лицата кои ги загубија животите и нивните семејства, одлучи да ја прекине музичката програма закажана за вечерва и огнометот закажан за 4 часот наутро. Сите сме со семејствата на загинатите во овој трагичен и болен момент – рече градоначалникот.

Во изминатиот период фатална несреќа во истото претпријатие

Како што се наведува, компанијата „Сабино Есплоденти“ повторно е во центарот на случувањата. Имено, на 21 декември 2020 година, уште тројца работници од истата компанија го загубија животот додека работеа во просторија со статична печка, систем кој се користи за согорување на прашок за лансирање, уреди за осветлување, димни бомби и експлозиви.

Утре пред судија на претходна расправа ќе се одржи прелиминарно рочиште за несреќата во оваа компанија во 2020 година. Во постапката има десет обвинети.Поточно обвинителството го обвини највисокото раководство на компанијата за прекршување на низа правила за спречување несреќи при работа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy