Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Стотици демонстранти упаднаа во шведската амбасада во Багдад и ја запалија зградата
Македонија

ВИДЕО Стотици демонстранти упаднаа во шведската амбасада во Багдад и ја запалија зградата

20/07/2023

AA

Стотици демонстранти кои протестираа против палењето на Куранот синоќа упаднаа во шведската амбасада во центарот на Багдад, при што запалија дел од зградата.

Серија видеа, објавени во групата One Baghdad Telegram, прикажуваат луѓе кои се собираат околу шведската амбасада околу 01:00 часот во четвртокот, извикувајќи слогани за поддршка на шиитскиот свештеник Муктад ал-Садр.

Еден час подоцна следеше напад на амбасадата, а на видеата се гледа како чад се издига од зградата во комплексот на амбасадата и демонстрантите кои стојат на нејзиниот покрив.

Сите вработени во амбасадата се добро, се вели во соопштението на шведското Министерство за надворешни работи, кое го осудува нападот и ја нагласува потребата ирачките власти да ги заштитат странските дипломатски претставништва.

Ирачката влада остро го осуди палењето на шведската амбасада во Багдад, а безбедносните сили добија наредба брзо да истражат и да ги казнат одговорните.

Инаку, демонстрациите беа организирани на покана на приврзаниците на шиитскиот свештеник Муктада ал Садр во знак на протест против второто планирано палење на Куранот во Шведска за неколку недели.

Ел-Садр е една од најмоќните фигури во Ирак, која командува со стотици илјади следбеници кои тој постојано ги изнесуваше на улиците.

Минатото лето тие ја окупираа силно утврдената Зелена зона во Багдад и учествуваа во судири, во кои имаше и жртви.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy