
(ВИДЕО) Српски медиуми тврдат дека КФОР ги нападна Србите на Косово
Над 53 повредени има денеска во судирите во северно Косово. Граѓаните извикуваа „Србија, Србија“. Еден од граѓаните во видеото од Звечан велат дека секој ден ќе бидат на протести ако не се исполнат нивните барања.
Силите на КФОР и граѓани собрани пред општината Звечан денеска се судрија нешто по 16:00 часот, фрлени се солзавец и шок бомби, а има и повредени.
Бета пренесе дека КФОР побарал да се расчисти преминот за возилата на специјалната единица на косовската полиција да го напуштат местото пред општината, што Србите не го дозволиле и покрај повиците на Српската листа.
Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави денес дека западните земји се согласни дека е потребно да се деескалира ситуацијата на северот. Порача градоначалниците да не работат од општинските згради. Србите ги бојкотираа изборите, а градоначалниците од албанска националност ги сметаат за нелегитимни. Тие бараат формирање на Заедница на српски општини.
