
ВИДЕО: Среде Мајами развиорено македонското знаме, Горјан Славески е новиот светски шампион
Познатиот македонски боксер Горјан Славески моментално е новиот светски шампион во борби без ракавици БКФЦ – велтер категорија. Тој ноќеска во Мајами го победи Американецот Џејк Линдзи со едногласна одлука (3:0) на судиите. Славевски досега во кариерата има шест победи од исто толку борби во ова натпреварување.
