
(ВИДЕО) Срби играат и пеат додека чекаат на Табановце
Српски туристи чекајќи на граничниот премин Табановце заиграа оро и пееја.
Се појави снимка на која се гледа како туристи чекаат близу автобусите и пеат. За време на летната сезона, многу српски туристи транзитираат низ Македонија на патот кон Грција, а некои летуваат во Охрид. Граѓаните пишале дека сепак е подобро да пеат, отколку да се нервираат затоа што чекаат.
На сајтот на АМСМ стои дека на граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
