Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Спасовски од полицискиот центар ,,Ѓорче Петров“ : Новогодишната ноќ на територијата на цела држава помина главно мирно
Македонија

ВИДЕО Спасовски од полицискиот центар ,,Ѓорче Петров“ : Новогодишната ноќ на територијата на цела држава помина главно мирно

01/01/2024

AA

Денеска (01.01.2024), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР на првиот работен ден во Новата година беше во посета на полицискиот центар „Ѓорче Петров“ каде што оствари работна средба со раководствата на Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје.

На средбата на министерот Спасовски му беа презентирани активностите кои се преземаат во делот на оперативниот план „Безбеден град“ како и сите  останати полициски активности кои се под нивна надлежност.

Спасовски истакна дека во 2023 година Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје бележат значително зголемување на активности во рамки на воспоставените планови по „Безбеден град“ преку интензивни засилени мерки со цел заштита на сигурноста и имотот на граѓаните, спречување на извршување кривични дела и зачувување на безбедноста на граѓаните.

„Со посебен фокус на подрачјето на град Скопје, а по потреба мерки и активности се преземаа и на сите подрачја во државава, во рамки на планот во изминатиот период преземени се бројни мерки и активности заради превентивно дејствување и спречување на казниви дела, односно извршена е проверка на идентитет на над 10.800 лица, извршен е преглед на повеќе од 9.500 лица, извршен е преглед на над 5.200 возила, а приведени се 149 лица. При спроведување на Оперативните планови „Безбеден град“ и „Безбедно лето“ полициските овластувања се применети најмногу поради сторени кривични дела против јавниот ред и мир, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, фалсификување на исправи, пари, разбојништва и тешки кражби.“, рече Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека и во 2023 година македонската полиција заплени повеќе од 100.000 парчиња пиротехника.

„Што се однесува за изминатава вечер, на територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на целата држава за време  на новогодишната ноќ беше стабилна. За таа цел од страна на полицијата беше засилено присуството на терен и беа преземени координирани и насочени мерки за одржување на поволна безбедносна состојба. Имаме неколку карактеристични случаи за кои преземаме мерки за расчистување. Тие карактеристични случаи се далеку помалку од изминативе години. Имало единствено нарушување на јавен ред и мир или вкупно 12 кривични дела на територијата на цела држава, најчесто недозволена трговија со дрога, и едно загрозување на сигурноста. Имаме регистрирани прекршоци по Законот за јавен ред и мир, вкупно 20 во сите СВР-а, имаме регистрирано два прекшоци по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, има вкупно 8 сообраќајни незгоди со материјална штета на територија на државата. Ова е најмал број на вакви сообраќајни незгоди кои се случиле досега. Има останати настани, поплаки кои биле пријавени, вкупно 11. Генерално ако погледнеме и низ територијата на државата, практично по еден, два настани се регистрирани по другите СВР-а, СВР Скопје, СВР Тетово се во кои имаме поголем број пријави, со оглед на населението итн, мислам дека апсолутно поволна безбедносна состојба во текот на целата вечер” рече министерот Спасовски во изјавата за медиумите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дојава за бомба во Гимназијата во Тетово, учениците се евакуираат

20/02/2026
Македонија

ЛЕКАРИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ ДО 70-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Ќе се

20/02/2026
Македонија

„Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како

20/02/2026
Македонија

Поминавте на зелено, но останавте среде раскрсница? Казната може да

20/02/2026
Македонија

ВОЗАЧОТ МОРА ДА ПРОЦЕНИ ДАЛИ ЌЕ ЈА ЗАТНЕ РАСКРСНИЦАТА За

20/02/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДИВЕЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ „Безбеден град“ дневно снима

20/02/2026
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41691
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дојава за бомба во Гимназијата во Тетово, учениците се евакуираат од училишниот објект

20/02/2026

Утрово пристигнала дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, продолжувајќи ја серијата на последователни закани кои се регистрирани

ЛЕКАРИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ ДО 70-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Ќе се вработуваат најдобрите кандидати, нема веќе

20/02/2026

Докторите на клиниките ќе можат да работат до 70-годишна возраст и да ја задржат пензијата со цел да се искористи

„Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како влегла во Србија“, вели Тошковски

20/02/2026

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, синоќа даде појаснување околу случајот со петте тони марихуана запленети во Србија, нагласувајќи дека

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy