
ВИДЕО: Спасено девојче одбило да се напие вода, нејзиниот одговор ги изнасмеа спасувачите
Откако пет годишното девојче со име Хазал беше спасена од под урнатините по поминати 72 часа под нив во Хатај, спасувачите веднаш и понудиле да се напие вода, бидејќи долго време не пиела.
На прашањето дали сака да се напие вода, малата Хазал одговорила „Не сакам, сѐ уште не сум прегледана“, со што ги насмеала луѓето околу неа.
Таа заедно со нејзината мајка била однесена во болница за санирање на повредите.
Нејзината изјава може да ја погледнете тука.