
ВИДЕО Спасен за Андреј од ДНК: Човек во вистинска смисла на зборот – беше херој и замина како херој!
Фолк пејачот Спасен Сиљаноски се огласи по повод трагичното загинување на Андреј Ѓоргиески, дел од дуото ДНК.
Сиљаноски се потсетува дека Андреј му се јавил и му кажал да му чува маса за да дојде на свирка кај него.
„Ми се јави на телефон и ми вели: Батко Спасен чувајми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе….Јас му одговарам: Абе брат шо бараш, нема да ти се допадне. Ти си урбан лик а јас сум фолк тип. Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот. Ти од Кичево, а јас од Дебар, ние мора да се држиме и да се помагаме…Така и бидна, вечерта се појави во ресторанот, го замолив да ни испее нешто од неговиот репертоар. Без двоумење го зеде микрофонот и ги дигна сите на нозе. Е тоа беше тој Андреј. Човек во вистинска смисла на зборот. Другар, искрен, чесен, патриот, хуманитарец. Беше херој и замина како херој“, вели Спасен.