
(ВИДЕО) СОВЕТНИЧКА Е СО СКРШЕНА РАКА: Teпачка на седница на совет во Краљево
Тепачка денеска се случи во Општина Краљево, а една советничка е со скршена рака, додека опозицијата е исфрлена од советот.
Инцидентот се случи на седницата на Општинскиот совет на Краљево откако опозициските советници побараа градоначалникот Предраг Терзиќ да ја напушти собраниската сала затоа што, како што рекоа, „го навредува достоинството на локалниот парламент“.
Како што јави дописникот на РТС, неколку опозициски советници се полесно повредени, а советникот на Локалниот фронт, Предраг Воштиниќ, добил медицинска помош. Востиниќ подоцна напиша на X дека советничката од Локалниот фронт, Јелена Тошиќ, има скршена десна рака.
Опозицијата, која исто така бара смена на градоначалникот, ја напушти собраниската седница, а работата ја продолжија советниците од владејачкото мнозинство. И претходно во истиот град имаше слични инциденти.
Kraljevo.
Fb pic.twitter.com/ON07EFmARK— Patogeni puding (@PatogeniP) May 15, 2025
