(ВИДЕО) „СОЧНА“ ТЕПАЧКА ВО КОСОВСКИОТ ПАРЛАМЕНТ – еве како беше засегнат и Албин Курти
Голема тепачка се случи утрово во Собранието на Косово каде за време на говорот на премиерот Курти пратениците од опозицијата со вода го нападнаа премиерот Албин Курти а потоа министрите се вклучија во насилство со пратениците на ПДК.
Тепањето се случило додека Курти кажувал дека потерницата за Милан Радојчиќ е повлечена на 19 февруари 2021 година, пет дена по изборите, од Владата.
Курти потоа беше нападнат со вода од пратеникот на ПДК Мергим Луштаку, додека вицепремиерот Бесник Бислими потоа го удри Луштаку со шише. После тоа пратеници и министри на ПДК беа вклучени во масовни тепања.
Извор: ТВ 21
