
(ВИДЕО) СО ТРАКТОРИ И ЛОПАТИ ЧИСТАТ КАЛ: Грчки град по поплавите изгледа како да е бомбардиран
Грчкиот јавен сервис ЕРТ, објави дека Волос сега изгледа како „град кој е бомбардиран“, откако имаше разорни поплави.
На островот Евија многу области сѐ уште се без струја и вода поради штетите кои настанаа од излевањето на реките. Многу патишта се оштетени, а голем број згради се под вода. Мештаните се трудат да ја отстранат калта со трактори и лопати. Во Тесалија некои училишта работат од далечина затоа што училниците се поплавени.
Жителите на Волос се очајни и велат дека немаат каде да спијат, затоа што домовите им се уништени.
Проценките се дека штетите чинат 5 милијарди евра.
foto EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS
