
ВИДЕО: Со полициски траки запечатен станот каде сосед уби сосед, па се самоуби во Демир Капија – мотивите остануваат нејасни!
Со полициски трки запечатен е станот во Демир Капија каде денеска се сличил убиство и самоубиство на соседи. Во моментов мотивите се нејасни, а жителите од околните населени места велат дека меѓу двата соседи имало проблеми подолго време.
Со прострелни рани биле пронајдени Б.М. (34) и М.К. (72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Првичните сознанија упатуваат дека се работи за убиство и самоубиство. Ова попладнево го рекоа од Обвинтелството за МИА.
Веста за убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност.
Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.
Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил.
