
(ВИДЕО) СМЕТ И ПЛАСТИКА: Ова е највалканата грчка плажа
Плажата Аналукас која се наоѓа на грчкиот остров Крит во префектурата Ласити важи за највалкана. Оваа плажа покажува колку смет и пластика плови по водите на Егејското море. Отпадот се пренесува со ветрот и јаките морски струи и завршува на плажата.
Повеќе пати разните еколошки организации се обиделе да ја исчистат плажата, но безуспешно. Последниот обид за чистење бил кон крајот на 2017 година, но до август 2018 година плажата повторно изгледала како депонија. Недалеку од Ситија, се наоѓа напуштената населба SOE која некогаш била туристички комплекс. Но, ова место тешко дека ќе заживее.

