![(ВИДЕО) Слушнете ја „Бариера“, новата песна на Лозано](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/nd7jsomy4l-video-brzi-motori-poligraf-specijalci-noviot-spot-na-lozano-kako-akcionen-film-slusnete-jpeg.webp)
(ВИДЕО) Слушнете ја „Бариера“, новата песна на Лозано
Музичката ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано вчера на социјалните мрежи се пофали со најновиот спот за неговата најнова песна „Бариера“.
Автори на песната се Лазар и Магдалена Цветковски, додека пак спотот е дело на момците од „Урбан Рекордс.
Покрај Лозано, главната улога во видеоспотот ја има преубавата Луна Декиќ Стефаноска.
Ова е втора песна на Лозано во рок од еден месец откако претходно ја објави песната „Маскенбал“.