
(ВИДЕО) СЛОВЕНЕЧКИ ПРАТЕНИК СЕ КАЧИ НА ПОКРИВОТ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ: Се закануваше дека ќе скокне
Словенечкиот опозициски пратеник Андреј Хојвик денеска се качи на покривот на Народното собрание во Љубљана, обраќајќи им се на минувачите и заканувајќи се дека ќе скокне.
Хојвик рече дека не осудува никого, вклучително и словенечкиот премиер Роберт Голоб, но дека „она што го прават на оваа земја не е добро“. Пожарникари потоа го симнаа Хојвик од покривот. Мотивот зошто тоа го направил не е познат.
„Тој сега е безбеден и е однесен на пружање медицинска помош“, изјавија од Народното собрание во Љубљана за агенцијата СТА.
Пратеникот беше отворен противник на владиниот закон за пензиски бонуси за наградувани уметници, кој беше отфрлен претходно овој месец на референдум инициран од СДС.