
ВИДЕО Скандал на фудбалски натпревар во Тетово, наместо минута молк за Кочани се пееше за УЧК – Шкендија се оградува
По настанот што се случи во Тетово кога на мечот против Брера навивачите на тетовскиот клуб наместо минута молк за жртвите од Кочани, пееја песни за УЧК, покрај ФФМ која потврди дека Шкендија е предадена на дициплинската комисија и се очекува висока казна поради однесувањето на навивачите и фудбалскиот клуб Шкендија излезе со соопштение.
Тетовскиот клуб се огради од несовесните навивачи и потенцираше дека останатите во клубот ја испочитувале минутата молк.

