
ВИДЕО Силно невреме со град го зафати Скопје попладнево
Попладнево околу 18 часот, Скопје беше зафатено од силно невреме проследено со обилен дожд и појава на град.
Во повеќе скопски општини беа забележани наноси од мраз.
Од надлежните служби засега нема информации за посериозни последици или повредени лица.
Метеоролозите предупредуваат на можно нестабилно време и во наредните часови.