
ВИДЕО: Силно невреме ги зафати Кратово, Виница, Кочани и Пробиштип
Силно невреме со пороен дожд, ветер и град попладнево ги зафати Кратово, Виница, Кочани и Пробиштип, како и други места на северот и истокот од земјата.
Предупредување за силно невреме вечерва во Скопје, со пороен дожд, електрични празнења и силен ветер, издаде и УХМР.
„Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денеска во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер над 70 километри на час и појава на град“, велат од УХМР.
