
ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!
Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна заштита. 11.000 потрошувачи останаа без електрична енергија. Објавените фотографии и видеа покажуваат како силниот ветер носел дрвја, како и обилни дождови и град, како и поплавени улици.