
ВИДЕО СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТАЈВАН! Се нишаа згради во главниот град Тајпеј, епицентарот во морето
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Тајван.
Локалната метеоролошка служба објави дека зградите во главниот град Тајпеј накратко се треселе, но дека нема извештаи за штета.
Ројтерс јавува дека епицентарот на земјотресот бил во морето во близина на округот Хуалиен, на длабочина од 22,4 километри.
Британскиот медиумски сервис потсетува дека Тајван се наоѓа на спојот на две тектонски плочи, поради што островот е подложен на земјотреси.
Повеќе од 100 луѓе загинаа во земјотресот што го погоди јужниот дел на Тајван во 2016 година, додека во земјотресот од 7,3 во 1999 година загинаа повеќе од 2.000 луѓе.